Маж, жена и куче кои најверојатно заспале во контејнер за ѓубре во Спокејн, Вашингтон. Сите биле фрлени во камионот за ѓубре заедно со вреќите отпад и го преживеале механизмот за дробење и компресирање, соопштија медиумите вчера.
Сите излегле без повреди од камионот за ѓубре иако механизмот бил вклучен, објави „Ен-Би-Си- њуз“.
Возачот на камионот изјавил дека слушнал чудни звуци откако застанал на семафор и видел како некој фрла кутија од возилото. Кога погледнал внатре бил шокиран од глетката.
Мажот, жената и кучето биле извлечени со скала, соопшти потпаролот на против-пожарната служба Дејв Левенпорт.
„Ова им бил среќен ден“, изјавил Лебенпорт, додавајќи дека не треба да си ги трошат парите на лото ливчиња бидејќи си ја потрошиле цела среќа. Сите биле фрлени во камионот за ѓубре заедно со вреќите отпад и го преживеале механизмот за дробење и компресирање, соопштија медиумите в