Заштедете пари во супермаркет!

Веројатно сте забележале дека не можете да отидете во продавница, а да не потрошите доста пари. Постојат неколку трикови да заштедите пари…Ако живеете сами или во вашиот дом сте задолжени за купување на намирниците, веројатно сте забележале дека не можете да отидете во продавница, а да не потрошите бар илјада денари. Да, сѐ е скапо, но постојат неколку трикови да заштедите пари.
НЕ ОДЕТЕ ВО ПРОДАВНИЦА СЕКОЈ ДЕН – Луѓето кои одат во продавница по работа, купуваат 54% повеќе работи отколку што планирале, заклучуваат студиите од Институтот за истражување на маркетинг. Причината е импулсивно купување, на кое сме подложни кога само свратуваме до продавница. Ако до сега во просек сте оделе пет пати неделно, намалете на три и паричникот ќе ви биде благодарен.
НАПРАВЕТЕ ПЛАН  – Не е доволно во супермаркет да одите со список од намирници. Можете да отидете чекор понапред  и да размислите за тоа што ќе готвите во текот на неделата. Имајте на ум рецепти додека купувате, за да не завршите со голем куп зеленчук (читај пари), кои се расипуваат во вашиот фриждер. Купувајте сезонско овошје и зеленчук, бидејќи е најевтино.
ОДОЛЕЈТЕ НА ИСКУШЕНИЈАТА – Веројатно знаете дека чоколадцата и мастиките покрај касата се намерно таму распоредени, за родителите кои чекаат на ред со децата да мора да им купат, бидејќи децата од досада почнуваат да плачат и да молат. Но, можеби знаете дека и мажите се склони несвесно да зграпчат чоколадце додека нетрпеливо чекаат. Затоа, најдете друга забава додека чекате за да одолеете на искушението.Ако живеете сами или во вашиот дом сте задолжени за купување на намирниците, веројатно сте забележале дека не можете да отидете во продавница, а да

Пронајдете не на следниве мрежи: