Познатиот американски астрофизичар Нил деГрас Тајсон за списанието „Бизнис“ откри како светот во кој што живееме би можел да изгледа за 500 години.„Ако населението продолжи да расте со иста стапка како и сега, за 500 години на Земјата ќе има место точно за сите да можат да застанат едни покрај други. Очигледно, тоа не е иднина каква што посакуваме, што значи дека ќе мораме да го населиме Марс или да научиме како да го контролираме растот на популацијата“, изјави Тајсон.
Тој исто така објасни дека може да се случи човештвото да почне да гради и да населува конструкции под површината на земјата.
„Ако до тогаш не се случат некои важни промени, и не сфатиме дека благодарение на технологијата имаме шанси за опстанок, нема да го доживееме тој ден“, предупредува научникот.
„Кога ќе бидам на смртна постела, најмногу ќе ми биде жал што не сум живеел доволно долго за да ги видам сите нови пронајдоци“, заклучува тој.„Ако населението продолжи да расте со иста стапка како и сега, за 500 години на Земјата ќе има место точно за сите да можат да застанат едни