Исламската држава објави ново видео во кое се заканува со терористички напади во големите европски градови. На снимката се наоѓа и анимација од уривањето на Ајфеловата кула која ја имаат позајмено од видео играта Call of duty, а видеото е направено од телевиските снимки кои ги пренесоа смртносните напади во Брисел, нападот на зградите од Светскиот трговски центар во 2001 година, но и снимки од вежбите на џихадистите.Еден од џихадистите на англиски јазик порачува дека „нациите на крстот“ имаат можност да преминат во ислам или да се соочат со казна. Исто така, најавува и напади на Исламската држава во Берлин, Рим и Лондон.
Снимката доаѓа недолго откако џихадистите изведоа напад со хемиско оружје врз сириските војници коишто се наоѓаа во воздушното пристаниште Деир Езор. Не се знае точниот број на загинати војници.
Напад со хемиско оржује беше изведен и минатиот месец, кога беше нападнат ирачкиот град Таза. Тогаш беа убиени три деца, додека биле ранети 1500 луѓе.



