Повеќе од половина европски исламисти имаат криминално минато и се приклучуваат кон групата Исламска држава бидејќи им се ветува „покајување“, пишува британскиот весник „Индипендент“, повикувајќи се на извештај на Меѓународниот центар за истражување на радикализацијата при Кралскиот колеџ во Лондон.Извештајот покажува дека криминални и терористички мрежи во Европа се слеваат, создавајќи опасна група џихадисти, за кои насилството не е едноставно религиозна желба, туку начин на живот.
Директорот на Меѓународниот центар и експерт за тероризам, Петер Њуман изјави дека новата „криминално-терористичка приврзаност“ им прави поголем проблем на европските безбедносни служби да го откријат радикализирањето.
Њуман наведува дека две третини од џихадистите, кои се опфатени со истражувањето на Центарот, немаат само криминално минато, туку и дејствија поврзани со насилство. Во европските земји, каде се знае нивниот број, повеќе од половина од борците на ИД им биле познати на полицијата.Извештајот покажува дека криминални и терористички мрежи во Европа се слеваат, создавајќи опасна група џихадисти, за кои насилството не е едноставн