Застрелан со детето во прегратки: Таткото починал, 10-месечниот син закрепнува

Марио Орловиќ (49) починал вчера во билница по тешки повреди нанесени со огнено оружје, додека неговиот 10-месечен син закрепнува во болницата во Загреб.Според информациите на задарскиот хирург др. Роберт Карл, Орловиќ починал во 21:40 часот на оделението за интензивна нега, каде се наоѓа од вторникот, кога во утринските часови пред семејниот дом со 4 истрели во градите и главата го ранил 55- годишниот Златко Свирчиќ.
Оваа трагедија во Задар се одиграла во вторникот околу 11 часот кога Свирчиќ поради претходни несогласувања со поранешната сопруга со пиштол дошол пред домот каде живела со Орловиќ, 18- годишната ќерка на Свирчевиќ и десетмесеччниот син.
Веднаш во дворот испукал четири куршуми во Орловиќ, а еден во детето кое Орловиќ го носел во рацете, по што сам се предал во полиција.
Состојбата на Орловиќ од самиот почеток било критично поради повредата на мозокот, и со постојано набјудување на анесетзиолог не бил разбуден од кома откако бил хоспитализиран.
Неговиот син исто така бил погоден во главата, но за среќа успешно закрепнува во Загреб, каде бил и опериран.
Свирчиќ се наоѓа во истражен затвор во Задар каде заработил кривична пријава за обид за тешко убиство, кое сега ќе се проквалификува во тешко убиство поради кое би можел доживотно да остане зад решетки.Според информациите на задарскиот хирург др. Роберт Карл, Орловиќ починал во 21:40 часот на оделението за интензивна нега, каде се наоѓа од вторник

Пронајдете не на следниве мрежи: