„Ви благодарам на сите! Ќе се вратам!“, ова е ветувањето кое Генадиј Керњес го објави на Инстаграм.Градоначалникот на Харков кој минатата недела едвај го преживеа атентатот, дојде при свест и го најави своето враќање во политиката, наведува Комсомољскаја правда.
Керњес прво беше опериран во Харков, а потоа итно беше префрлен во Израел каде што повторно беше опериран во повеќе наврати. Сега полека закрепнува и веднаш постави своја фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.
„Силните треба да живеат! Ви благодарам на сите! Ќе се вратам!“, вети Керњес.
Инаку, Керњес е од проруската Партија од регионот, а атентатот врз него беше извршен со намера да се дестабилизира и онака тешката ситуација на југо-истокот од земјата.Градоначалникот на Харков кој минатата недела едвај го преживеа атентатот, дојде при свест и го најави своето враќање во политиката, наведува Комсо