Затишје на европските берзи

Европските акции во средата се стабилизираа, со оглед дека ентузијазмот на инвеститорите го пригушија слабите деловни извештаи на компаниите, а се очекуваат и нови важни макроекономски показатели до Европа.Лондонски FTSЕ порасна за 0,41 отсто, на 6.404 поени, франкфуртскиот DAX беше во плус за  0,11 отсто, на 7.761 поени, а париски CAC беше во минус за 0,18 отсто, на 3.728 поени.Инвеститорите денеска здивнаа по вчерашниот раст кој беше поттикнат од силното подобрување на индексот на довербата на германските инвеститори.Ентузијазмот во меѓувреме спласна во очекување на нови показатели од Европа, вклучително и индексот на деловни очекувања во Германија и индексот на менаџери за набавка во еврозоната, поради дополнителни насоки за состојбата во европската економија.Инвеститорите се во очекување и на италијанските парламентарни избори кои ќе бидат одржани претстојниот викенд, а треба да сигнализираат дали новата влада ќе биде подготвена да продолжи со спроведувањето на реформите.Во фокус на инвеститорите беа и деловните извештаи, па најголемиот британска деловна осигурителна компанија RSA беше меѓу најголемите губитници, паѓајќи за 14 отсто, откако ја снижи дивидендата за 2012 година за петтина и најави дополнително намалување за оваа година. Дивидендата на оваа компанија традиционално е меѓу највисоките во европскиот сектор на осигурување.Деловниот извештај влијаеше и на цената на Lufthansa, чија акција падна за 4,5 отсто, откако германскиот авиопревозник ја укина дивидендата.„Слабоста на берзите веројатно ќе биде со краток век бидејќи расположението во основа и натаму е оптимистичко“, вели еден аналитичар.
МакфаксЕвропските акции во средата се стабилизираа, со оглед дека ентузијазмот на инвеститорите го пригушија слабите деловни

Пронајдете не на следниве мрежи: