Изборите не завршија според очекуваното, во смисла дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ не успеа да ја постигне големата победа за која многумина вклучително и јас ја предвидовме, но како и да е, тие сепак победија, ферски и покрај тоа што беа во нефер борба од самиот старт. САД и Сорос го поддржуваа движењето за промена на власта веќе две години, а патриотското граѓанство веќе успеа да победи два обиди за Обоена револуција.Таканаречената „опозиција“ имаше толку многу странска помош и имаше толку многу надворешен притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и патриотското население кое го застапува, а на крајот сепак успеаа да издржат и покрај се да победат со 38.06% од гласовите во споредба со 36.69% на СДСМ. Дотолку повеќе, тие победија со 51 од 120 мандати и најверојатно ќе ја формираат новата владеачка коалиција со нивниот албански сојузник во ДУИ.
Но, тука работите стануваат интересни, бидејќи Заев се обидува да изигра трик за тоа дали навистина изгубил или не, а амбасадорот на САД Џес Бејли, кој практично е Викторија Нуланд во Македонија, се обидува да интервенира во политичкиот процес и да превенира формирање на владеачка коалиција. Тој сака да ја делегитимира победата на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски и македонскиот народ, и сака марионетска владата која има намера да ја подели земјата преку федерализација, и да го промени уставното име со цел насилно да ја турне земјата во НАТО и ЕУ. Практично, тој сака да го превземе геополитичкиот и социокултурниот курс на земјата со цел да и го затвори патот на Русија и Кина во остварувањето на мегапроектите, Балкански тек и Балканскиот „Пат на свилата“, кои се планирани да поминуваат низ земјата.
Ова оведува до анализата за тоа зошто резултатите беа толку блиски, преку активно агитирање на САД кај Албанците да гласаат за СДСМ. Многу македонски политички коментатори вклучително и познатиот Цветин Чилиманов, зборуваа за тоа како ова фунаментално ја промени ситуацијата во земјата на досега невиден начин. Јас ќе ја додадам мојата анализа на ова со тоа што ќе кажам дека со оа се покажува дека многу од отприлика 17% од етничките албанци кои живеат во земјата се погрешно насочувани преку етно-националистичките говори кои може опасно да ја втурнат земјата во рекреирање на Косовското сценарио ако се даде наредба, и покрај тоа што и тие самите можеа да видат колку лошо на крајот тоа испадна.
Ироночно, но тоа го покажува и социо-политичката свест на етно-религиозните малцински групи кои понекогаш бараат и повеќе од тоа што го имаат. Во рамковниот договор од 2001-ва, етничките Албанци во Република Македонија добија подобри права од било која друга малцинска група било каде во светот, сепак некои сеуште не се задоволни од тоа и решија да се приклучат кон СДСМ, по лобирањето на Бејли и Сорос, во обид да ја расцепат државата со „федерализација“. Гледајќи во перспектива, политичката криза можеби е готова, но семето за уште поголема најверојатно веќе е засадено како последен „подарок“ на администрацијата на Обама за Балканот.
Таканаречената „опозиција“ имаше толку многу странска помош и имаше толку многу надворешен притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и патриотското насел