Вкупно 18 рудари останале заробени под земја по експлозијата од понеделникот наутро што се случи во рудникот за јаглен „Воркутинскаја“ во северната руска република Кома, јави РИА Новости повикувајќи се на руското министерство за вонредни ситуации.Според првичните информации станува збор за експлозија на метан.Заменикот на шефот на службата за односи со јавност на министерството за вонредни ситуации, Елена Смирних, во моментот на експлозијата во рудникот имало 22 лица. Од нив четворица сами успеале да излезат на површината од копот, додека спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до другите.Според истиот извор по два часа од експлозијата (9 часот по македонско време) не е позната судбината на девет рудари, при што осум се повредени.Како што известиле извори од истражните органи во регионот, пред рудникот се собрани стотина припадници на разни служи.Претставник на компанијата „Северстал“, најголемиот производител на челик во Русија, во чијашто сопственост е рудникот кај Воркут, соопштил дека е потврдено оти станува збор за експлозија и дека се проверува што ја предизвикало.
МакфаксВкупно 18 рудари останале заробени под земја по експлозијата од понеделникот наутро што се случи во рудникот за јаглен „Воркутинскаја&l