ЕК ја објави својата годишна економска прогноза која го вклучува прогнозираниот раст на БДП и намалувањето на невработеноста за Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од прес конференцијата на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонската економија како и претходната година така и сега од страна на ЕК е оценета како стабилна, со прогнозиран раст на БДП од 3.2%, што е еден од највисоките растови во Европа и очекуван пад на невработеноста која се прогнозира да падне на најниски досега 22%, што е идентична на таргетот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поставен за периодот до 2018-та година.
Извештаите и прогнозите на ЕК се најголем доказ дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои беа спроведувани во изминатиов период вродуваат со плод и креираат стабилен раст и развој.
Покрај вештачки креираната криза од страна на СДСМ која имаше и за цел да го отежни економскиот раст во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја одржи економијата во правилна насока и да обезбеди економска стабилност и просперитет.
Покрај ЕК, прогресот на Македонија е забележан и од Светска Банка во извештајот „Дуинг бизнис“ каде Македонија благодарение на успешните економски политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 9 години забележа раст од 84 места, па од некогашното 94-то место во време на СДСМ, денес Македонија е рангирана на 10-тото место во светот и 5-тото место во Европа.
Падот на стапката на невработеност и растот на економијата се одлики на успешните мерки спроведени од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 10 години, со промислено делување успеавме невработеноста од некогашните енормни 38% од времето на СДСМ да ги намалиме на сегашните 23,4%.
Ваквиот тренд на развој на економијата ќе продолжи и во иднина, бидејќи економијата и креирањето нови работни места се нашиот приоритет. За ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се на прво место!Во продолжение следува интегрален текст од прес конференцијата на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонската економија како и претх