Затуровска: Новата влада предводена од СДСМ со ребалансот на буџетот направи се освен развоен буџет

На денешната комисија  за финансирање и буџет во Собранието  на Република Македонија, каде што на дневен ред е разгледување на ребалансот на буџет за 2017 година, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска, посочи дека  новата влада предводена од СДСМ со ребалансот на буџетот  за 2017 година, направила се освен развоен буџет, затоа што буџетот ги нема сите оние развојни компоненти се тргнати на страна, кои буџетот го прават развоен.– Основните параметри кои буџетот го прават развоен вие ги скративте, односно  наместо да ставите акцент  на стопанството, приватниот сектор преку капиталните инвестиции, вие кратите 78 милиони евра токму од  капиталните инвестиции и тоа говори за вашата  несериозност, односно покажува дека не сакате да имате развој  во идниот период, посочи Затуровска.
Затуроска додаде дека не можеме да кажеме дека СДС го стимулира градежништвото, кога сите капитални проекти кои се градат во моментот тие ги стопираат, заради нивни  банални причини, поради наводни грешки во проектната документација. Според неа тоа  го покажува нивното  тотално не знаење, како да реализираат еден капитален инфраструктурен проект.
–  Вие немате капацитет тие инфраструктурни прооекти да ги завршите, па такви проблеми при градење постојано ќе се појавуваат на такви големи проекти. Не може проект на експропријација да биде проблем за нереализирање на еден инфраструктурен проект. Тие проблеми решаваат тековно, истакна Затуроска.
Таа потенцираше дека кога се прави еден буџет акцентот се става врз капиталните инвестиции и немасто да измислуваат топла вода, СДСМ требаше да види како претходната гарнитуара на чело со Зоран Ставревски ги правеше ребалансите кои секогаш на крајот излегуваа спрема параметрите кои беа поставени.– Основните параметри кои буџетот го прават развоен вие ги скративте, односно  наместо да ставите акцент  на стопанството, приватни

Пронајдете не на следниве мрежи: