Затуровски: Чистките на СДС започнаа од сите кои немаат членска од партијата како втора лична карта

Зоран Заев започна со реализација на планот да ја направи својата партија држава, а државата своја партија. Тој пред своето членство вети дека СДС ќе владее „со бркање од работа на неистомислениците и со вработување партиски послушници од чистачка до директор“. Ова е единственото ветување кое Заев започнал да го остварува, изјави денес Никола Затуровски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на Затуровски.Чистките на СДС започнаа од сите кои немаат членска од партијата како втора лична карта, како што бараше пратеникот на СДС Курто Дудуш.
Директори на институции се жртви на политички прогон и етикетирање со фашизоидна реторика, и без законски основ се отстранети од своите работни места, и покрај тоа што многу успешно ги воделе овие институции.
На СДС не ја интересираат успешни и функционални институции, туку брутална партизација и приватизирање на државата.
1500 членови на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, здравствени установи, центри за социјална работа, агенции и други правни лица, без исклучок, беа сменети во една секунда, со што СДС и Заев ги парализираа сите овие правни субјекти.
СДС тврдеше дека администрацијата била пренатрупана, а веднаш по доаѓањето на власт започна да ја полни со свои партиски војници и профитерите од невладиниот сектор кои наместо коректив на власта беа одработувачи за агендата на СДС.
Сите овие дилетантски акции на СДС ќе ги платат македонските граѓани со повеќе од 100 милиони денари годишно кои СДС ги испланира во новиот буџет за привремени партиски вработувања на војници и послушници.
Граѓаните се во неизвесност за својата иднината и за иднината на државата, гледајќи ги ваквите недемократски и срамни потези на владата на Заев и СДС. За само месец и пол, СДС започна да воспоставува режим во Македонија. Но, отпорот од народот ќе го почувствува многу брзо.Чистките на СДС започнаа од сите кои немаат членска од партијата како втора лична карта, како што бараше пратеникот на СДС Курто Дудуш.
Дир

Пронајдете не на следниве мрежи: