Возачот на камионот, кој во октомври минатата година прегази 12-годишно девојче во скопската населба Влае, е осуден на една година затвор. Нему му се судеше за тешки дела против безбедноста на луѓето и против имотот во сообраќајот, за кое е одредена максимална затворска казна до пет години, а минималната казна ја добил затоа што го признал делото.Судскиот процес против Раде В., возачот кој со камион на 24 октомври минатата година прегази 12-годишно девојче на улицата „Адолф Циборовски“, меѓу населбите Хром и Влае, во Кривичниот суд во Скопје започна во понеделникот.
Во своето обраќање пред Судот, обвинетиот со солзи во очите побара прошка од семејството што беше во судницата, и рече дека би направил сè да го замени местото со нивното чедо.
– Верувајте ми чесен судија никогаш во животот не сум помислил да повредам некого, тоа ангелче требаше да преживее. До гроб ќе го носам ова со себе. Не успеав да ја видам, не знам како и зошто се случи. Секогаш сум бил максимално внимателен во сообраќајот и никогаш не сум направил сообраќајка - рече обвинетиот.
Тој му изрази сочувство на семејството и побара прошка од него.
- Би го заменил нејзиното место и јас би легнал на нејзиното место. Срцето би го откорнал само да ја вратам. Која казна и да ја одредите, јас ќе страдам цел живот - рече обвинетиот.
Во завршните зборови во понеделникот, одбраната му предложи на Судот, на Раде В. да му одреди алтернативна мерка место затвор имајќи ги предвид фактите дека никогаш не бил осудуван, се кае за стореното дело и има грижа на совест која ќе ја носи до крајот на животот. Како олеснителна околност при носењето пресуда, одбраната наведе дека обвинетиот има нарушена здравствена состојба, односно проблеми со срцето поради што прима редовна лекарска терапија. Исто така, обвинетиот е единствениот член што обезбедува егзистенција на неговото семејство, а има и дете со нарушено психофизичко здравје, со дијагностициран тумор и во инвалидска количка.Судскиот процес против Раде В., возачот кој со камион на 24 октомври минатата година прегази 12-годишно девојче на улицата „Адолф Циборо