Затворена е слаткарница во Драчево поради случај со труење!

Маж и жена се затруле со слатки во слаткарница во скопската населба Драчево. Веднаш биле хоспитализирани.Како што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство, тие по консумирање на слатките, биле хоспитализирани со симптоми како дијареја и повраќање.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство направиле увид, наредиле мерки и ја затвориле слаткарницата до обезбедување на потребните услови за безбедно подготвување и послужување на храната.
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира и упатува на тоа да се почитуваат препораките како да се ракува и консумира храната во летниот период и при екстремно високи температури.Како што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство, тие по консумирање на слатките, биле хоспитализирани со симптоми како дијареја и повра

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.