Затворена железничката станица во Париз поради опасност од бомба

Сообраќајот на железничката станица „Гар де л’Ест“ (Источна железничка станица) во Париз е целосно во прекин од денеска на пладне, откако беше откриена бомба тешка 250 килограми заостаната од Втората светска војна.Бомбата била откриена околу пладне во Ноази Ле Сек, во источниот дел францускиот главен град, при градежни работи на пругата по која минуват возовите со голема брзина Те-Же-Ве, како и неколку регионални линии.
Поради безбедносни причини, целосно е прекинат сообраќајот преку оваа пруга која води кон Стразбур и Луксембург.
Според полициски извори, ваквите мерки се преземени за да се избегнат сите непотребни ризици, бидејќи бомбата се уште е во „добра состојба“ и може да експлодира.
На местото на кое е откриена бомбата пристигнаа деминери, но со оглед на сложеноста на операцијата, француската државна железница се уште знае кога ќе се нормализираа возниот ред. На патниците кои ги користат Те-Же-Ве возовите им е препорачано да го одложат патувањето.Бомбата била откриена околу пладне во Ноази Ле Сек, во источниот дел францускиот главен град, при градежни работи на пругата по која минуват возови

Пронајдете не на следниве мрежи: