Судија од Основниот суд Куманово бил врзан со кабел и ограбен во неговата викендичка во кумановското село Зубовце. Како што соопшти МВР, рабојништвото се случило вчера околу пладне, кога судијата З.С. (51) од Куманово заедно со негов сосед заминале во викендицата. Пред вратата ги пречекал разбојник кој со вперен пиштол им наредил да влезат внатре. Заедно со уште едно лице ги претресле и им одзеле 10.000 денари и мобилните телефони. Потоа со кабел им ги врзале рацете и нозете и ги оставиле во викендичката, а ја земале колата на судијата и побегнале.
Кратко потоа, врзаните успејале да се ослободат, по што побарале мобилен телефон од соседите и пријавиле во полиција. Од викендицата биле украдени и телевизор, сателитски рисивер, ДВД , појачувач, музички миксети и други предмети.Неофицијално, полицијата се сомнева дека нападот го извршил опасен криминалец од Куманово, кој пред 15 дена побегнал од затворот Идризово. За ова време колку што е на слобода, тој вооружен со пиштол ограбил вработена во еден маркет, а нападнал и одзеал возило на таксист во населбата Проевце.
Поради тоа зголемено е присуството на полицијата во градот, a зајакнатo е обезбедувањето на некои функционери, бидејќи затвореникот се заканувал дека ќе се пресмета со нив.
На неколку бензински пумпи во градот излепени се негови фотографии, но полицијата не може да му влезе во трага. Тој е осуден на 15 години за тешки кривични дела.Кратко потоа, врзаните успејале да се ослободат, по што побарале мобилен телефон од соседите и пријавиле во полиција. Од викендицата биле украдени