Заврши 14-тиот „Пивофест 2016“

Многубројната публика како од земјава така и од другите држави, уживаше во богатата програма на „Пивофест“ во градот под Марковите кули.Изминативе четири дена, Прилеп беше домаќин на една од најпосетените манифестации во Македонија – „Пивофест 2016“.
Во текот на четирите дена, на сцената застанаа музички ѕвезди од земјава и регионот, а завршницата на манифестацијата беше пропратена и со спектакуларен огномет.
Александра Радовиќ настапи прва на последната вечер на „Пивофест 2016“, а Дејан Петровиќ и „Биг Бенд“ дополнително ја вжештија атмосферата и ги воодушевија посетителите.
Фестивалот на пивото и скарата беше затворен со настап на бендот „Парни Ваљак“.Изминативе четири дена, Прилеп беше домаќин на една од најпосетените манифестации во Македонија – „Пивофест 2016“.

Пронајдете не на следниве мрежи: