Над 5000 дечиња беа активен дел од Детската лига во фудбалСо завршеток на школската година заврши и детската лига во фудбал. А дека децата навистина го сакаат фудбалот, и дека веќе и полупрофесионално го практикуваат доказ се детските лиги во фудбал во организација на Фудбалската федерација на Македонија во који оваа година активно се натпреваруваа над 5000 дечиња од седум различни региони на Македонија. На сите нивни натпревари покрај преставниците од нивните семејства, присуствуваа и нивните школски другари со цел да ги бодрат, што доведе до голема концентрација на млади па и постари околу фудбалот. Податок што е во функција на целта на ФФМ во правец на развој на фудбалот од најмлади години, да се грижи и за создавањето вистински вредности, и да ги охрабри младите полето за докажување да биде фудбалскиот терен. Фудбалот е екипен спорт кој го поттикнува пријателството и ги зајакнува другарските врски меѓу децата, им помага од мали нозе да станат одговорни, дисциплинирани им го зајакнува колективниот дух и ферплејот – елементи важни не само во играта, туку и во животот. Токму и новата поддршка која ФФМ ја доби од УЕФА е во насока на дополнителен развој на младинскиот фудбал, а ние како Федерација со сите сили и средства ќе се трудите и понатаму што повеќе деца да се приврзат со спортот и фудбалот, смета Илчо Ѓорѓиоски претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Одкако започнаа детските лиги во 2012, секоја година за 50% расте бројот на деца кои учествуваат, податок кој е исклучително позитивен, и ветува подобра фудбалска иднина.
На терените во Куќата на фудбалот се одигра финалниот турнир од ФФМ Детските лиги 2014 година, лига која беше подржана од Шпаркасе банка и Ерман.
Пехари и дипломи за постигнатиот успех во секоја генерација добија сите екипи од прво до четврто место, а наградите ги доделија претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и претставниците на поддржувашите – Петар Трпески од Шпаркасе и Дејан Длака од Ерман.
Од генерација 1999 година победник е екипата на работнички, од 2000, 2001 и 2005 година децата од ФК Вардар, од генерација 2002 децата од ФК Металург кои во финалето ги победија фудбалерите од Академија Пандев, од 2003 победници се децата од ФК Л.К Битола, а од генерација 2004 децат од ФК Академија Постолов-Пандев.Со завршеток на школската година заврши и детската лига во фудбал. А дека децата навистина го сакаат фудбалот, и дека веќе и полупрофесионално го п