Со изведбата на театарската претстава „Госпоѓа Јулија“ во изведба на Театар Фабрика од Македонија синоќа во ресенскиот сарај заврши 14-от Интернационален театарски фестивал Актерот на Европа.Со одлука на жирито во состав Мето Јовановски, Лилјана Котевска Плевнеш и Гоце Ристевскиз за најдобра претстава на Актерот на Европа беше прогласена претставата „Адам и Ева“, работена по текст на Мирослав Крлежа во продукција на „ЈУК Херцег Нови“ од Црна Гора.Највпечатливо актерско остварување оствари Билјана Ѓурковиќ од Продукцијата за монодрама и пантомима од Земун, Република Србија, за улогара на Надежда Петровиќ во истоимената монодрама.
Наградата на оснивачот на фестифалот Жак Лакарие, ја доби претставата „Градите на Тересијас“ во режија на Франсоа Лабруз од Франција.Наградата од весникот Јавност отиде кај делото „Се на Маса“ работена според текст на Чарлс Буковски, со актерот Васил Дуев. во режија на Чарлс Буковски во продукција на тетарот „Љубомир Кабакчиев“ од Казанлак, Бугарија.
За најдобра поетска инценација во духот на нераскинливите врски меѓу поезијата и тетарот беше доделена наградата Наум Манивилов на претставата „Умирам Пеејќи“ во режија на Сотир Чаушевски а во изведба на Марија Кондовска од Ресен Споделувајќи ги импресиите за едно од најдобрите изданија на фестивалот во својата четиринаесета година од своето постоење Претседателот на жирито Мето Јовановски истакна:
„Нека биде возвишен и благословен секој креативен сценски подвиг кој се случува во овој прекрасен простор“. Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски затворајќи го фестивалот истакна: „Многу ми е полесно и попријатно кога се обраќам на отворањето на фестивалот и секогаш кога треба да го прогласам фестивалот за затворен тоа го правам со една тежина во себе бидејчќи завршува едно прекрасно издание на фестивалот, едно прекрасно дружење едни прекрасни чувства кои ни ги овозможија сите оние кои продефилираа во изминатите шест дена на сцената во ресенскиот сарај.Сите оние кои на некоја начин беа поврзани со 14 –то издание сигурен сум дека ќе понесат едни прекрасни впечатоци и импресии од Ресен и дека во иднина повторно ќе имаме можност да бидеме нивни добри домаќини.“Со одлука на жирито во состав Мето Јовановски, Лилјана Котевска Плевнеш и Гоце Ристевскиз за најдобра претстава на Актерот на Европа беше прогласен