До доцна во ноќта, просторот пред Веро Центарот вчера беше исполнет до последно место, а Миле Кузмановски ги крена Скопјани на нозе. Кузмановски дури и го пролонгираше завршетокот на својот настап, воодушевен од фидбекот на публиката која не сакаше да си замине дома. Пред него за атмосферата се погрижија Нино Величковски, чалгии и плех оркестар, па неизбежно беше Пролетниот Вино Фест да заврши во добра атмосфера.
На 5-те фестивалски вечери се испи многу вино, се поделија многу романтични бакнежи, се наздравуваше со старите пријатели, се мезеше вкусна храна и секако се` помина без инциденти.
Македонскиот народ уште еднаш докажа дека знае умерено да ужива во доброто вино и дека сме одлични познавачи на овој пијалок на боговите.
Фестивалот ќе остане запаметен по настапите на Нина Јанева, Сара Мејс, МВП Србија, Митан Проџект, Дани Димитровска, Тумбао Салса Бенд, Миле Кузмановски, Стринг Форсис, Фулиш Грин, а секако и по големиот интерес.
Догодина се очекува Spring Wine Festival да стане уште помасовен настан, затоа што оваа година се покажа дека македонската публика е жедна за што повеќе вакви збиднувања кај нас.
Се гледаме наредната пролет.Кузмановски дури и го пролонгираше завршетокот на својот настап, воодушевен од фидбекот на публиката која не сакаше да си замине дома. Пред него за