Заврши Викиманија 2016 во Езино Ларио, Италија

Во деновите од 21 до 27 јуни 2016 година, во Езино Ларио во Италија се одржа 12-та по ред Викиманија, средба на Википедијанците од целиот свет.Езино Ларио е мало градче на Алпите, во областа Ломбардија. Како домаќини на годинешната Викиманија, членовите на градскиот совет на Езино Ларио се потрудиле да го уредат местото, вршеле поправка на некои објекти, како на пример на кино салата која била во бедна состојба, изградиле помошен излез од фискултурната сала, итн. Беше кажано исто така дека во момнтот на одржување на оваа конференција, имаше двапати повеќе Википедијанци од жителите на градот.
И оваа година, како и во претходните, присутните Википедијанци имаа можност да посетат предавања, работилници, и обуки на разни теми кои се однесуваат на проширување и подобрување на квалитетот на Википедија на било кој јазик.

 
„Контактите во живо се драгоцени, бидејќи од нив произлегуваат мноштво заеднички проекти и соработка“ – вели Снежана Штрковска, која беше една од македонските претставници на Викиманија 2016.
Викиманија е најголемата годишна вики конференција, која досега е одржана дванаесет пати, на различни краеви од светот: Мексико Сити, Лондон, Хонг Конг, Вашингтон, Хаифа, Гдањск, Буенос Ариес, Александрија, Тајпеј, Бостон, Франкфурт. Наредната година, оваа најголема годишна конференција на Википедијанците ќе се одржи во Монтреал.

Википедијанци од Иран, Грција, Република Српска и Македонија заедно со Џими Велс, основачот на ВикипедијаЕзино Ларио е мало градче на Алпите, во областа Ломбардија. Како домаќини на годинешната Викиманија, членовите на градскиот совет на Езино Ларио се

Пронајдете не на следниве мрежи: