Заврши времето на Клаус – Чесите не го сакаат назад

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, кој беше на функција два мандати до почетокот на годината, овојпат нема поддршка од своите граѓани. Најверојатно времето на Клаус заврши бидејќи дури 72 отсто од граѓаните на Чешка се против неговото учество во политиката во иднина. 
Неговото враќање не го посакуваат 62 отсто од симпатизерите на неговата Граѓанска демократска партија. 
Вацлав Клаус го поддржуваат околу 25 посто од граѓаните, што е сличен процент на кој застана довербата на Клаус додека беше претседател, веднаш по прогласувањето на масовна амнестија од негова страна, која наиде на многу критики.
Само пред една година, Клаус можеше да се „пофали“ со рејтинг кај речиси 50 проценти од граѓаните.

 

 
 Најверојатно времето на Клаус заврши бидејќи дури 72 отсто од граѓаните на Чешка се против неговото учество во политиката во иднина. 

Пронајдете не на следниве мрежи: