Завршија истражувањата на споменичната целина Црвено поле

Завршија годинашните археолошки истражувања на споменичната целина Црвено поле на планината Огражден, с. Барбарево, Ново Село, информираат од Министерството за култура.Во текот на истражувањата, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица  работеа на  две истражувачки единици на населбата и на некрополата Лаките.
– Во текот на истражувањата откриен е досега најголемиот пронајден објект на целата Споменичка целина Црвено Поле вклучително со објектите на Јанина Чешма. Станува збор за солидно граден објект од ѕидани камени блокови  доѕидуван со непечена тула, кој е составен од три простории за кои согласно пронајдените остатоци се претпоставува дека функционирале како работилница и магацини. Во едната просторија е пронајдено  големо количество на железни згури, додека во останатите две пронајдени се два питоси и дваесетина помали керамички садови во кои се зачувани јагленисани житарици, стои во соопштението.
Археолозите за време на истражувањето пронашле и друг движен материјал меѓу кој монета со крилеста молња за која се претпоставува дека е од периодот на царот Трајан или Антонин Пиј и мала бронзена фигурина на Хермес.
Како што информираат од Министерството, останатите објекти на споменичната целина, и овој објект во некои од пљачкашките походи што во тој период ја опустошиле целата Византиска империја кон средината на 6 век бил ограбен, запален  и напуштен. После ова уништување објектот и  населбата никогаш не биле обновени.
Во текот на истражувањата на некрополата на Лаките годинава се откриени и комплетно истражени два гроба во кои е пронајден  гробен прилог. Според првичните антрополошки анализи,  се претпоставува дека во овие гробови биле погребани високи и робусни покојници.
Истражувањата на споменичната целина Црвено поле на која освен стручните екипи од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица беа вклучени и студенти од универзитетите „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје и „Гоце Делчев“ од Штип, ќе продолжат и наредната година.Во текот на истражувањата, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица  работеа на  две ис

Пронајдете не на следниве мрежи: