Зимските олимписки игри во Сочи, свечено беа затворени во неделата на Олимпискиот стадион Фишт. Игрите во Сочи беа 22-ри по ред, на нив учествуваа околу 3.000 спортисти од 88 земји, меѓу кои беа и тројца од Македонија.Игрите во Сочи беа први кои се организараа во Русија, откако во 1980 година Москва како престолнина на поранешниот СССР беше домаќин на Летните олимписки игри.
Церемонија на звеченото затворање на игрите, на која присуствуваа 40.000 гледачи, заврши со спуштањето на олимпиското знаме и гаснењето на олимпискиот оган.
Игрите кои ги организираше Русија беа најскапите во историјата, во нив биле вложени преку 50 милијарди долари, а според челниците на Интернационалниот олимписки комитет минале без ниту еден инцидент.
„Се што ветија домаќините тие во Сочи го исполнија. Му се заблагодарувам на рускиот претседател Владимир Путин кој лично се ангажираше во организацијата на Игрите. Ги прогласувам ЗОИ во Сочи за затворени и ве поканувам на следните во Пјонгчанг“, рече претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах.
Споретистите во Сочи се натпреваруваа во 15 спортови и 97 дисциплини, на крајот најуспешни бе а домаќините. Русија освои вкупно 33 медали (13 златни, 11 сребрени, 9 бронзени). Според бројот на освоени медали зад Русија следуваат Норвешка (11,5,10) и Канада (10,10,5).
Македонија на игрите во Сочи ја преставуваа Марија Колароска, Дарко Дамјановски и Антонио Ристевски, кои се натпреваруваа во нордиско трчање, односно алпско скијање.
Следните 23-ти Зимски олимписки игри ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореа, од 9.до 25.февруари 2018 година.
Игрите во Сочи беа први кои се организараа во Русија, откако во 1980 година Москва како престолнина на поранешниот СССР беше домаќин на Летните оли