Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска, како што најави Германската амбасада, треба да ја информира јавноста за дводневните средби со потписниците на Договорот од Пржино.Хајндл вчера попладне имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Емил Димитриев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а, според најавите, тој требаше да разговара и со специjалната обвинителка Катица Jанева, и со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.
На вчерашната средба со Хајндл, претседателот Иванов истакнал дека со повлекувањето на аболицијата нема повеќе место за алиби, изговори и избегнување на обврските од договорот од Пржино. Политичките чинители треба да покажат конструктивност, одговорност и висока свест за интересите на граѓаните и на државата.
Според соопштението од Кабинетот на Иванов, амбасадорот Хајндл ја поздравил и упатил честитки за одлуката на претседателот Иванов за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка, со што се отвори можност за фокусирање кон обврските од договорот од Пржино.
Иванов, пак, изразил очекување дека неговата одлука ќе придонесе за надминување на политичката криза.
Во таа насока, како што се наведува во соопштението, двајцата соговорници се согласиле за потребата за спроведување на обврските од договорот од Пржино, како и неопходните реформи, кои се единствениот начин за излез од политичката криза.
Премиерот Димитриев, пак, на средбата со Хајдл, рекол дека клучно за Владата е остварување напредок на полето на евроинтеграциите, при што со силен интензитет се работи на реализација на препораките, истакнал премиерот Димитриев, на средбата.
Како што соопшти владината прес-служба, Димитриев посочи дека се спроведуваат стотици реформски мерки кои ги иницираше Владата и на тој начин се надоместува периодот кога беа распишани изборите и кога таквите активности не одеа со динамиката која беше посакувана.
На средбата се разговарало и за актуелната политичка состојба, начините и можностите за нејзино надминување, при што Димитриев објаснил дека во интерес на Владата е обезбедување услови за општествен и економски развој на Република Македонија и сите нејзини граѓани, стои во соопштението.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, меѓудругото, го информирал специјалниот пратеник Хајндл за ставот на партијата, по вчера изнесените ставови на опозицијата.
За ВМРО-ДПМНЕ, потенцирал тој, избори се прифатливи во секој термин, но притоа нема да се дозволи државата и граѓаните повторно да бидат заложници на ново лицитирање со термини, како што тоа беше во изминатиот период.
– Во таа насока и со цел неоправдано да не се истакнуваат изговори за неодржување на избори, СДСМ ќе мора да даде потврда и да се обврзе дека избирачкиот список е прочистен, а во периодот кој следи посветено ќе работат на подигање на довербата во Избирачкиот список, иако тој за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил спорен сегмент, изјави на средбата Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува во партиското соопштение, посочил дека партијата е посветена и работи на надминување на политичките предизвици, како и фактот дека деструктивното однесување на опозицијата нанесува штета на државата и никако не оди во прилог на надминување на актуелната состојба, стои во соопштението од партијата. Груевски потенцирал дека е потребна конструктивност базирана на разумно однесување од кое полза ќе имаат граѓаните на Република Македонија кои посакуваат стабилизација и враќање на просперитетот и продолжување на економскиот развој.
На средбата на претседателот на СДСМ Зоран Заев со Хајндл било посочено дека единствен излез од политичката криза е реализација на преземените обврски со Договорот од Пржино од страна на потписниците и дека врвен приоритет за Македонија е организација и спроведување фер и регуларни избори.
-За таа цел неопходно е да организира Влада за исполнување на условите за избори и нивно спроведување и да се дефинираат прецизни рокови за клучните услови за фер и регуларни избори, а тоа се пред се прочистување на Избирачкиот список и обезбедување објективно известување од медиумите, рекол Заев, соопшти СДСМ.Хајндл вчера попладне имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Емил Димитриев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со лидеро