„Збогум ќерко“ – Потресна исповед на мајка чија ќерка умирала во агонија, додека докторите не превземале ништо

Карли Велс била со својата четиригодишна ќерка Фреј кога девојчето починало. Аутопсијата покажала дека до смрт дошло заради септички шок. Лекарите навреме не и ја дале терапијата што му одговарала на девојчето.Четиригодишната Фреја Велс починала во 2012 година во „Кингстон“ болницата во Сурија.
Нејзината мајка Карли тврди дека односот на докторите кон здравствена состојба на нејзиното дете бил непримерен. Три дена пред да заврши во болница, девојчето имала проблем со дијареа и повраќање.
Карли не се делела од своето дете. После снимањето на рендген, медицинската сестра и рекла дека Фреја има инфекција на белите дробови и дека мора ноќта да ја помине во болница.
Иако девојчето и после примањето на антибиотиците не и било подобро, лекарите ја уверувале мајката дека не се работи за нешто сериозно.

Потоа следеле неподносливи болки за девојчето кое последните мигови од животот ги поминала во агонија. Како што открила нејзината мајка, Фреја толку гласно викала што морале да ја држат за нозе.
„Збогум ќерко“ – биле последните зборови што Карли и ги рекла на својата ќерка.
„Кога умре Фреја, умре и сиот свет за мене“ – рекла мајка и.
За случајот на смртта на Фреја Велс се бара судска разрешница. Како што медицинските експерти изјавиле на суд, шансите за лечење од септички шок, доколку болеста навреме се открие, изнесува 95 %.
Доколку форензичарите установат дека има доволно елементи, судот против „Кингстон“ болницата ќе покрене обвинение. Семејството Велс бара болницата да се обвини за убиство, а не за небрежност. Четиригодишната Фреја Велс починала во 2012 година во „Кингстон“ болницата во Сурија.
Нејзината мајка Карли тврди дека односот

Пронајдете не на следниве мрежи: