22-годишната Еленор Хенри по грешка ја вклучиле во чет-групата во која биле нејзините познаници од факултет. Неколку моменти подоцна дознала што мислат тие за неа.По читањето на пораките што ги видела во групата, девојката во најмала мера се почувствувала валкано, посрамено и навредено.
Имено, момчињата во групата си ја испратиле нејзината фотографија и оставале непристојни коментари на нејзина сметка.
Еленор била шокирана кога сфатила што нејзините познаници од факултет пишуваат на неа. Ја опишале како „велосипед што сакаат да го возат“. Групата момчиња во чето се советувале меѓусебно да ја „фрлат на кревет“.
Хенри случајно е вметната во групата, но набрзо ја исфрлиле. Но, и покрај тоа можела да ја види историјата на допишување.
Студентката од Австралија е разочарана со пораките што ги видела и одлучила да ги објави на социјалните мрежи, за да покаже дека жените често се мета на потсмев во вакви групи.
„Ајде да ги поздравиме моите другари од универзитетот во Мелбурн. Заради нив ќе умрам како феминистка. Ова е 2016 година, и затоа е неопходно да зборуваме за рамноправност. И да, за оние кои прашуваат, другарите од факултет случајно ме вметнаа во заеднички чет и не сфатија дека се можам да прочитам“, напиша Еленор на Фејсбук.
Таа добила пораки со извинување од неколку од момчињата во групата, но некои биле и лути што го објавила разговорот.
„Разбирам дека си лута, но сето тоа е шега и никој не е сериозен во нашата група. Тоа што јавно го објави нашиот разговор нема да ти донесе ништо добро“, напиша едно момче.
„Мораме да бидеме свесни дека за некои постапки ќе ги сносиме последиците. Не можеме секогаш да се водиме под мотото: момчињата ќе си останат момчиња“, изјави Еленор за медиумите.По читањето на пораките што ги видела во групата, девојката во најмала мера се почувствувала валкано, посрамено и навредено.
Имено, момчиња