Збунет пленум

Дебата. Само шест букви и значење кое нуди решавање на многу спорови и ситуации. Но колкумина ќе сфатат што сакам да кажам, не знам. Инаку, дебатирањето е метод за аргументирање на своето мислење. Е сега, за да се појавиш на дебата треба да имаш аргументи и да образожиш што мислиш. Со ова го остваруваш своето демократско право за слобода на изразување, кое Професорските Пленумци во многу наврати велат дека го нема.Многупати до сега е пишувано за високото образование со сите негови недостатоци, но и за неопходноста од реформи на истото. Во изминатиот период често слушавме група на професори (Професорски Пленум) кои велеа дека високото образование е во лоша состојба (што вклучува во себе потреба за реформација), а притоа застанаа против реформите за негово подобрување, не нудеа никакви аргументи, ниту предлози, а гласно бараа дебата за истото. Се случи да дојде и тој ден кога сите страни требаше да седнат на иста маса и да ги соочат своите мислења и ставови, со цел да се дојде до заемно прифатливо решение, кое ќе има за цел да го подигне степенот на квалитет во високото образование.
Професорски Пленум.
Кога се појавија на прес конференција велеа како им требала дебата за се да се реши, како сето тоа не било демократски, и така натаму. Дојде Претседателот на Владата, дотогаш нивната најпрозивана личност и ги праша дали сакаат дебата, тие одбија. Промената на локација беше клучното за да кажат ДА. Исто како пред олтар. Па Ванковска прифати. Како и сите околу неа.
Реномирани професори кои со генерации и генерации предаваат, а пред се воспитуваат студенти. Очи во очи се сретнаа со нивниот најпосакуван „конкурент“ за дебата и личноста што редовно е виновна за се што не им е по мерак. Добија покана и ја прифатија. Дури договорија и време.
Не се појавија. Дадоа збор пред камерите и пред сите присутни дека ќе го сторат истото. Значи не си го испочитуваа ни сопствениот збор. А што има секој еден човек кога не би се сметале титулите, образованието, потеклото и слично. Што му останува на секој еден човек освен неговиот принцип и неговиот даден збор?
Било арогантно и неверојатно дрско, како што и не содржело нималку бон-тон таквото појавување на нечија пресс конференција. А какво е тогаш непојавувањето на договорена средба? Пред камери.
Сакаа парламентаризам, а не туризам. Добија парламентаризам па се предомислија и се префрлија на туризам. Шетајќи од една до друга локација по градот. Но само однадвор, внатрешноста не ги интересира.
Токму тука се поставува прашањето, дали би избегнал дебата оној што има аргументи, контра-аргументи или предлози? Секако дека не! За жал беше неопходно да се случи и тоа, за маските да паднат. Од моја гледна точка, а верувам и од ваша, погрешно е да се стекнуваат индивидуални политички поени на штета на општото добро. Можеби на краток рок изгледа корисно за нив, но на долг рок штетата од таквото држење на високото образование во заложништво, ќе создаде сериозни реперкусии за следните генерации.
Ванковска се збуни на прес конференција. Ванковска изгледа се буни и на предавања. Ванковска може се буни и кога пишува оцени. Ванковска се буни и кога дава одговори на студенти. Ванковска, реформите се за професорите за кои зборот „се збунив“ има широка примена.
Професорски однос.
Откако настана (не)намерна грешка, професорите како да не видоа што се случи и продолжија да се контраат. Но, студентите не забораваат! Па така, Ванковска сите ги направи „пуздер“. Нејзинот професорски кредибилитет, како да не постои. Студентите и одржаа лекции по социјалните мрежи, многу јасно и недвосмислено и кажаа што тие мислат, но на нејзе како да не и е важно. А од друга страна, нели Ванковска е дел од Пленумот, а тој Професорски Пленум ги застапува студентите. Тогаш како може мислењата да се небитни? Каде вие ја гледате демократијата, кога ги засенувате студентите и нивните ставови? Каде?
Наместо објаснување, студентите добија „шамар“. Ретко кој може да го докаже своето миселње, бидејќи професорскиот авторитет е посилен. Не беа сите спремни да го жртвуваат факултетот по цена на нивното мислење, па се откажаа.
Владата сигурно ќе се потруди и ова да се промени! Полека, но сигурно.
Се разреши дилемата, дали Професорскиот Пленум работи за себе или за студентите. Стравот да се излезе од својот комодитет, желбата да се стекнат политички поени и индивидуалниот интерес на поединците од Збунетиот пленум излегоа на светлината на новиот ден. Трагично е што оние што треба да се борат за подобрување на образованието, агитираат за статус-кво ситуација, а таквата состојба значи дека си останува истиот степен на квалитет како и досега. А нели од тој квалитет и тие беа незадоволни? Затоа, на нас добронамерните студенти и професори, ни останува да се обединиме за доброто на образованието, за доброто на народот, за прогресот на државата.
Аргументи.
„Се збунив“ – не е аргумент. Тоа е признавање на пораз, а за другите јасно што и кого застапувате. Што паметно вие видовте да се изнесе на прес конфереција од страна на Професорскиот Пленум, од неговото формирање па се до сега? Потребно е да се понудат конкретни решенија, истите јавно да се кажат и да се разгледаат. Не ми е јасно уште која е потребата од ваквиот негативен впечаток кој Професорскиот Пленум го остава на и над студентите.
Но, од друга страна дебата се одржа со оние професори и експерти кои сакаат да придонесат за високото образование да стане дом од кој ќе излегуваат квалитетни кадри кои ќе ја поведат државата по патот на прогресот. На истата дебата беа дадени различни предлози, беа елаборирани ефектите од предвидените реформи, но и беа прифатени повеќе сугестии од различни универзитети. Прифатен е предлогот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кој се однесува на можноста за студентите да полагаат една половина од предметите во третата студиска година, независно од тоа дали го положиле или не го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година. Прифатен е и предлогот на Универзитетот на Југоисточна Европа за воведување на јавен регистар на автори на трудови објавени во меѓународни научни списанија кои се дел од базата „Web of science“, преку кој ќе се евидентира научниот напор на македонската експертска и академска јавност. Во поглед на студиите од втор циклус, на предлог на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“, ќе можат да се акредитираат во траење од една или две години. Меѓудругото беа прифатени и предлози од други универзитети, но остана отворен и повикот за сугестии и предлози од сите субјекти кои се заинтересирани до го сторат тоа.
Но за тоа ќе треба да се појават и да дискутираат. Аргументирано и со факти да се борат со нивната стручност за она што сите не засега и да ја обликуваат оваа форма во најдобар можен облик што би ни одговарал на сите. Реформата е за нас, за младите, за нашата иднина и во тој случај никој нема право да биде „збунет“.Високото образование не смее да биде предмет на заложништво на група професори, кои себично го користат за некоја нивна индивидуална цел. Не, барем кога се работи за подобро образование и за правилно имплементирање на оваа многу важна реформа.
Бојан Стојаноски- член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕМногупати до сега е пишувано за високото образование со сите негови недостатоци, но и за неопходноста од реформи на истото. Во изминатиот период че

Пронајдете не на следниве мрежи: