Збунетиот адвокат на СДСМ: Чауш нема криминално минато, но има осудуваност

Во синоќешната емисија на новинарот Васко Ефтов – ,,Во Центар” ,  во која гостин беше Претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ и личен адвокат на Зоран Заев, Чауш и на повеќемина видни членови на СДСМ, Мирослав Вуиќ.Вуиќ во текот на целата емисија беше во обид да одглуми адвокат и да го заштити Зоран Заев, при што конфузно се вплетка во сопствените лаги.
На прашање на Ефтов: И сакате да кажете дека Чаушот е цвеќе за мирисање.
Вуиќ одговори кратко: Тоа е многу убава формулација.
Ефтов дополнително упати неколку прашања кон Вуиќ:
-И сакате да кажете дека Зоран Заев туку така се здружи со Чаушот без да сака некакви амбиции преку Чаушот да реализира . Имали криминално минато Чаушот? Имали криминално минато Чаушот? Има ли криминално минато Чаушот?
При што Вуиќ, во конфузија и неможност да ја сокрие вистината, почна да искажува смешни изјави, за еден адвокат, истиот рече:
-Чаушот нема криминално минато, има осудуваност!
На крај Ефтов заклучи: Е ова е веќе интересна формулација според адвокатот Мирослав Вуиќ или Претседателот на надзорниот одбор на СДСМ, Чаушот нема криминално минато, ама бил осудуван. Ова е исто како да кажете дека вашата комшивка е невина, немала сексуален однос, ама родила три деца.
Имено за потсетување е дека токму Зоран Заев беше тој што во Топ Тема ја призна поврзаноста на Чаушот со СДСМ, Заев тогаш рече:
,,Ќе ги дадам сите одговори, тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, нема бегање од таа работа, ниту пак некој се плаши.”
Истиот тој Чауш видно охрабрен од неговите сопартијци  и неговиот роднина по сопруга Зоран Заев и подршката која ја добива од нив, на судското рочиште на ,,Фабриката за афери” направи инцидент во судските ходници при што извикувал ,,Алаху Акбар”, за овој настаан на големо пишуваа сите портали, вклучувајќи ги и опозициските.
Вуиќ во текот на целата емисија беше во обид да одглуми адвокат и да го заштити Зоран Заев, при што конфузно се вплетка во сопствените лаги.

Пронајдете не на следниве мрежи: