Луѓето од Велика Британија откриле нешто неверојатно чудно- шуми во близина на Ливерпул полни со чудни стебла со монети на нив.Имено, илјадници луѓе ширум Велика Британија со години учествувале во создавањето на “дрвјата на желбите”, ослободувајќи се од ситните монети во своите паричници, а крајниот резултат се навистина необични и чудни дрвја.
Така, многумина сосема оправдано овие дрвја, наместо “дрвја на желбите”, ги нарекуваат и “дрвја на парите”, а тоа е така затоа што илјадници монети буквално “растат” во кората на дрвјата.
Огромен број на туристи и случајни минувачи велат дека кога ќе ги видат овие дрвја, едноставно не можат, а да не стават и тие по некоја монета во кората, а со текот на времето, се создава неверојатен ефект, односно старо дрво прекриено со илјадници монети.
Поголемиот дел од овие стебла се сместени во близината на Камбрија и Портмерион во Велика Британија, а се верува дека чудесните дрвја ги исполнуваат желбите и ги лекуваат болестите, откако во нив луѓето ќе стават монета. Ова верување датира уште од 1700 година и потекнува од Шкотска.
Тешко е да се каже дали “дрвјата на парите” навистина ги исполнуваат желбите, меѓутоа она што е сигурно е тоа дека тие засекогаш ќе го привлекуваат вниманието на луѓето.
Без оглед дали станува збор за закачување катанец на мост, фрлање на парички во фонтана или нивно ставање во кората од дрвјата, луѓето секогаш можат да се досетат на интересни начини за искажување на своите желби, па можеби некоја од нив на крајот сепак се исполнува!Имено, илјадници луѓе ширум Велика Британија со години учествувале во создавањето на “дрвјата на желбите”, ослободувајќи се од ситните монети во св