Здрав појадок за 5 минути? Се прашувате како?

Од само пет состојки можете да направите дури три здрави појадоци и тоа за само пет минути…Путер од кикирики, банана, јаворов сируп, јогурт и овесни снегулки се магичните состојки за здрав и брз појадок.
Појадок 1
Изгмечете една банана со една шолја овесни снегулки. Од смесата направете бомбици и ставете ги во микробранова печка на 1 минута. На крај прелијте ги со путер од кикирики.
Појадок 2
Во мала керамичка чинија ставете половина банана, 3 лажици овесни снегулки и 1 лажица јаворов сируп. Сето тоа помешајте го и ставете го во микробранова печка 90 секунди. Кога ќе биде готово, извадете го колачето и прелијте го со 1 лажица јогурт и јаворов сируп.
Појадок 3
Половина шолја овесни снегулки прелијте ги со шолја вода и загрејте ги во микробранова печка 2 минути. Потоа додадете 3 лажици белка и една сецкана банана па сето тоа убаво измешјте го и вратете во микробранова на уште 2 минути.
 
Путер од кикирики, банана, јаворов сируп, јогурт и овесни снегулки се магичните состојки за здрав и брз појадок.
Појадок 1
Изгмечет

Пронајдете не на следниве мрежи: