Храната и зачините се пријатно искуство за повеќето од нас, а не само гориво за нашето тело. Меѓутоа , тажната е животната вистина дека некои од навиките во исхраната, што сме ги стекнале уште од младоста, изгледа го зголемуваат ризикот за добивање на некои болести, особено на ракот.Всушност, научниците проценуваат дека една третина од смртните случаи, предизвикани од рак, се исклучиво последица на исхраната, па од таа причина се прашуваме дали не треба да се сменат некои навики околу тоа што конзумираме, а сепак да уживаме во тоа што го јадеме.Секако дека одговорот е да, затоа што кај нас се одгледува широк асортиман на храна. Без страв можат да се јадат разни видови леб, жита, овошје и зеленчук. Додека месото, живината и млечните производи секако дека се дозволени за јадење, меѓутоа тоа да биде во умерени количини. Колку помалку се конзумираат маснотии, сол и шеќер толку е подобро за здравјето на секој поединец.
При исхраната ако се раководите од овие мотиви сметајте дека ќе доживеете длабока старост.
Оброците приготвувајте ги сами, зошто готовата храна не само што е скапа, туку може да биде помасна,послатка и посолена и со тоа го доведува во прашање вашето здравје . Вишокот килограми исто така носи ризик по здравјето на човекот, па од таа причина колку морате да внимавате на исхраната , уште повеќе треба да сте физички активни, бидејќи ако не ги почитувате овие совети ,тогаш ова носи ризик за заболување од рак на дебелото црево, градите, внатрешниот слој на матката и жолчниот меур, а постои и голем ризик за заболување на срцето.
Пијте зелен чај
Исто како и овошјето и зеленчукот, зелениот чај е богат извор на антиоксиданси. Постојат многу докази дека консумирањето на овој моќен пијалок заштитува од неколку видови рак, како рак на стомакот, кожата, хранопроводот, простатата и панкреасот. Консумирањето на барем една чаша зелен чај дневно го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови за 5 пати.
Зелениот чај помага и во намалувањето на телесната тежина, па на тој начин може да ви донесе уште поголема заштита од рак. Овој пијалок носи здравје со секоја голтка, па затоа заменете ја дневната доза кафе со неколку чаши зелен чај.Всушност, научниците проценуваат дека една третина од смртните случаи, предизвикани од рак, се исклучиво последица на исхраната, па од таа пр



