Доколку сте гладни и имате потреба да грицнете нешто еве неколку предлози кои ќе ве заситат, а во себе не содржат многу калории, а со себе носат и бенефити за вашето тело и здравје.
20 бадеми – 140 калории
Бадемите се полни со влакна кои во текот на диетата помагаат да се симнат побрзо килограмите- велат истражувањата. Освен тоа, бадемите благотворно ќе делуваат на вашата кожа и срце.
Коцка темно чоколадо – 139 калории
Темната чоколада може да помогне во топењето на масните наслаги во пределот на стомакот. Оваа слатка го смалува нивото на хормонот кој предизвикува стрес и препорачливо е да ја грицкате пред почетокот на некој важен и стресен состанок.
Две лажички путер од кикирики и четири стапчиња целер
Путерот од кикирики ја намалува вашата желба за благо, а целерот помага во борбата со целулитот. Оваа дневна ужинка ќе ви стане една од омилените.
Сендвич со јајца и сирење – 150 калории
Ако сте навистина гладни и потребно ви е нешто поконкретно, изберете вкусен сендвич со јајца и сирење. Освен што ќе ве заштити, јајцата се вистинска суперхрана – содржат колин кој помага во блокирање на абсорпцијата на масти
Извор: lady.mk
Доколку сте гладни и имате потреба да грицнет
Пронајдете не на следниве мрежи: