Настојувате да бидете истрајни во спроведувањето некои здрави навики, како што се дезинфекција на рацете, полнење на ладилникот со производи со мала количина на маснотии или, пак, неколку часа сон повеќе за време на викенд. Но сите „здрави“ навики и не се толку добри.Дезинфекција на рацете
Сите знаеме дека миењето на рацете е најважно. Но прескокнете ја дезинфекцијата со дезифекциски препарати и измијте ги рацете со обичен сапун. Имено, антибактерискиот гел ќе ви ја исуши кожата, а не е делотворен против желудочниот вирус кој предизвикува пролив и повраќање.
Стомачни вежби
Истражувањата покажуваат дека тие можат да предизвикаат повреди на грбот, особено на долниот дел заради силниот притисок врз р’бетот. Можат да ја оштетат и карлицата и да предизвикаат инконтиненција.
Миење на интимните делови
Стручњаците не им советуваат на жените длабинско испирање на вагината со разни производи кои се продаваат токму за тие цели. Вагината се прочистува самата себе, а со внесување на разни производи можете да ги нарушите pH-вредностите на тоа чувствително подрачје и да го направите поподложно за бактериски инфекции.
Овошни сокови
Иако на пакувањето може да пишува „природен овошен сок“, всушност ќе купите шеќер. Сепак, подобри се од газираните сокови, но доколку навистина сакате вистински овошен сок без додатоци на шеќер, ќе биде доволно да изедете едно јаболко.
Подолго спиење за време на викенд
Неколку дополнителни часа спиење во текот на викендите не е лоша идеја, но со тоа го нарушувате својот биоритам. Поради тоа најчесто се случува во недела да заспиете доцна, а во понеделник наутро сте уморни и ненаспани. Затоа, најдобро е да се држите до својот вообичаен ритам на спиење и да се потрудите да си обезбедите 8 часа сон секоја вечер.Дезинфекција на рацете
Сите знаеме дека миењето на рацете е најважно. Но прескокнете ја дезинфекцијата со дезифекциски препарати и измијте