Здравствените експерти предупредуваат: Пореметувањата во дишењето за време на спиењето водат кон срцеви и мозочни удари и дијабетес

Дури 30% од смртните случаи во сообраќајни несреќи се предизвикани од заспивање, што се поврзува со недостаток на сон кај возачите заради пореметувања поврзани со сонот, меѓу кои најраспространета е опструктивната ноќна апнеа. Oд први јули оваа година ЕУ воведе обврска за задолжително тестирање на опструктивна ноќна апнеа на сите што аплицираат за возачка дозвола, кое мора да биде воведено до крајот на идната година Скопје, 31.10.2014 – Македонија се приклучи кон глобалната иницијатива за зголемување на свесноста за распространетоста и можните последици од пореметувањата поврзани со сонот, како и промоција на можностите за нивна ефикасна дијагностика и современ третман, покрената од компанијата PHILIPS.
Познато е дека здравиот, квалитетен сон, покрај правилната исхрана и физичката активност, претставува „трет столб на здравјето“ кај луѓето. Поради тоа треба да им се посвети поголемо внимание на пореметувањата поврзани со сонот, од кои според некои истражувања страда повеќе од 45% од светската популација, согласни се експертите. Според нив, иако поголем дел од ваквите пореметувања можат да се спречат и успешно да се лекуваат, сегашните состојби покажуваат дека помалку од 1/3 од заболените бараат лекарска помош.
„Доколку навремено не се дијагностицираат и третираат, респираторните пореметувања поврзани со сонот можат да предизвикаат бројни сериозни здравствени проблеми, како висок крвен притисок, срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес. Исто така, недостатокот на квалитетен сон доведува до смалена концентрација и будност, намалена ефикасност и продуктивност на работното место и при учењето, а може да биде причина за тешки повреди на работното место и сообраќајни несреќи, и затоа особено е важно навремено да се открие и лекува“, изјави проф. д-р Дејан Докиќ, Претседател на Македонското здружение за ноќна апнеа
Најчест облик на респираторно пореметување поврзано со сонот е опструктивната ноќна апнеа (OSA – obstructive sleep apnea) од која според проценките на СЗО моментално боледуваат повеќе од 100 милиони луѓе на планетата или меѓу 4 и 5% од возрасната популација. Ова пореметување се карактеризира со прекини или потешкотии при дишењето за време на спиењето, предизвикани од блокада на дишните патишта, на што влијание имаат повеќе фактори, меѓу кои најчести се: намалување на тонусот на мускулите на грлото и дишните патишта, зголемено ткиво, преголем јазик и други. Ноќната апнеа предизвикува повеќекратни прекини на дишењето за време на сонот од кои секој може да трае од 10секунди до една минута, при што нивото на доток на кислород до виталните органи кај овие луѓе континуирано опаѓа. OSA најчесто се јавува кај мажи и претерано дебели луѓе, иако од неа може да заболат и жени и деца.
„Научно докажано е дека луѓето што страдаат од опструктивна апнеа и други респираторни пореметувања за време на сонот, не само што имаат намален квалитет на живот и продуктивност, туку живеат и пократко за 5 до 10 години од останатите. Во Македонија ваквите пореметувања годишно се дијагностицираат кај 50-ина пациенти, но нивната реална бројка според проценките би можела да достигне и повеќе од 50.000 лица.
Ваквата голема разлика укажува на недостаток на свесност за проблемот во пошироката јавност. Ситуацијата се усложнува и поради тоа што пациентите обично не се свесни дека престануваат да дишат за време на спиењето, па затоа не чувствуваат потреба да побараат лекарска помош“, вели проф. д-р Бисерка Јовковска Ќаева, директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје, потенцирајќи дека клиниката и македонскиот здравствен систем во целина располагаат со стручни и материјални капацитети за ефикасна дијагностика и современ третман на ова здравствено пореметување.
„На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија веќе постои инсталирана лабораторија за полисоманографија која е донација од производителот PHILIPS и за чие функционирање, во неколку наврати досега, наши лекари посетувале едукација во странски лаборатории од ваков тип. Нашата цел е да продолжиме со натамошна едукација и усовршување на лекарите во оваа област“, децидна е професорката Ќаева.
Светски лидер во решенија за третман на ноќната апнеа, вклучувајќи и третман во домашни услови е компанијата PHILIPS.
„Поради фактот дека кај поголемиот број луѓе што страдаат од опструктивна ноќна апнеа не е дијагностицирана болеста која може да предизвика сериозни последици по здравјето на човекот и неговата околина, компанијата PHILIPS покрена глобална иницијатива, чија цел е што повеќе луѓе да дознаат за самата болест, како и за начините за нејзино дијагностицирање и третман. Среќни сме што и стручната јавност во Македонија со голем ентузијазам зема учество во остварување на оваа благородна мисија”, изјави Игор Митриќ, регионален претставник на PHILIPS.
На првата јавна панел – дискусија во земјата посветена на опструктивната апнеа стана збор и за ризиците од здравствени компликации кај овие пациенти, како што се срцевите заболувања, за што се осврна д-р Нела Костова од Клиниката за кардиологија, како и за влијанието врз невропсихолошката состојба и ризикот од појава на мозочен удар кај луѓето со пореметувања на дишењето за време на спиењето, за што говореше д-р Гордана Китева Тренчевска од Клиниката за неврологија. За здравствените последици и начини на третман на ова респираторно пореметување говореше и д-р Маја Кирјас од Клиниката за уво, нос и грло.
На трибината беше изнесен и податокот од Европското здружение за истражување на сонот кој покажува дека дури 30% од сите смртни случаи во сообраќајни несреќи се предизвикани од заспивање, што се поврзува со недостигот на сон кај возачите, покрај другото и поради ноќната апнеа. Затоа експертите апелираа и Република Македонија да се приклучи кон земјите кои веќе ја имплементираа регулативата на ЕУ која се однесува на обврската за задолжителен здравствен преглед на возачите за откривање на опструктивна ноќна апнеа, со што, според нив, ќе се придонесе за поголема безбедност во сообраќајот.
Опструктивна ноќна апнеа
Факти & бројки
– Опструктивната ноќна апнеа (OSA – obstructive sleep apnea) е најчестото пореметување на дишењето во текот на спиењето кое го намалува квалитетот и го загрозува живот на повеќе од 4% од возрасната популација. Според податоците на Светската здравствена организација околу 100 милиони луѓе во светот страдаат од оваa болест. (извор: https://www.who.int/gard/publications/chronic_respiratory_diseases.pdf )
– Ноќната апнеа се карактеризира со прекини или потешкотии при дишењето за време на спиењето, предизвикани од блокада на дишните патишта. До колабирање на дишните патишта за време на сонот може да дојде поради различни причини – намалување на тонусот на мускулите на грлото и дишните патишта, зголемено ткиво, преголем јазик и друго. Во текот на еден час од спиењето, кај овие луѓе можат да се јават од  5 до стотина и повеќе прикини во дишењето. Секој прекин, кој може да трае од 10 секунди, па сѐ до една минута, предизвикува намалување на дотокот на кислород до виталните животни системи и органи, меѓу кои и до мозокот и срцето. 
– OSA најчесто се јавува кај мажи и претерано дебели луѓе, иако од неа може да заболат и
жени и деца. Најчести симптоми на опструктивна ноќна апнеа се:
o Гласно, вознемирувачко рчење, гушење или „борење“ за воздух во текот на сонот;
o Нагласена, хронична поспаност во текот на денот;
o Утрински главоболки, проблеми во памтењето, концентрацијата и учењето;
o Раздразливост и неможност за концентрација при работата;
o Промени во расположението и карактерот на личноста, неретко и чувство на
o Суво грло после будењето и често мокрење во текот на ноќта.
– Доколку не се лекува, OSA може да го зголеми ризикот од појава на сериозни здравствени проблеми, какви што се: висок крвен притисок, неправилна работа на срцето и срцеви напади, мозочен удар и дијабетес. Резултатите од истражувањата укажуваат на тоа дека пациентите кај кои навремено не е откриена ноќната апнеа користат двојно повеќе здравствени услуги од останатите. (извор:  https://whqlibdoc.who.int/publications/2007/9789241563468_eng.pdf)
– Податоците на Европското здружение за истражување на сонот покажуваат дека дури 30% од сите смртни случаи во сообраќајни несреќи во Европа се предизвикани од заспивање, што се поврзува со недостиг на сон кај возачите, покрај другото и поради ноќната апнеа. За да се спечи ова, ЕУ неодамна усвои регулатива со која наметнува обврска за  задолжителен здравствен преглед на возачите за откривање на опструктивна ноќна апнеа.
Трошоците за лекување на здравствените последици кај луѓето кои се појавуваат порадинелекувана ноќна апнеа во САД се проценуваат на 3,4 милијарди долари годишно. Но, вкупниот товар врз економијата е далеку поголем поради индиректните трошоци, кои ги вклучуваат намалената продуктивност, повредите и несреќните случаи предизвикани од заспивање на пациентите со ноќна апнеа во текот на денот.  
– Една од главните опции при лекување на опструктивната ноќна апнеа се CPAP (Continuous Positive Airway Pressure) апаратите кои овозможуваат несметено дишење при спиењето. Апаратите овозможуваат континуиран проток на воздух преку носот со користење на маска. Воздушниот притисок кој се регулира мануелно или автоматски спречува колапс на воздушните патишта и прекин на дишењето. Компанијата Philips е светски лидер во решенија за третман на ноќната апнеа, вклучувајќи и третман во куќни услови.Скопје, 31.10.2014 – Македонија се приклучи кон глобалната иницијатива за зголемување на свесноста за распространетоста и можните последици о

Пронајдете не на следниве мрежи: