Го повикуваме претседателот на Владата Зоран Заев да не го потпишува срамниот договор со Бугарија во кој што не се споменува Македонскиот народ и македонскиот јазик, ова денеска во изјава го порачаа од Здружението „Блаже Коневски“ кои се собраа на протест пред МАНУ.-Господин Заев 72 години имаме кодифициран јазик исто толку години се бориме за нашето малцинство во Бугарија, зарем ќе се откажеме од нашите браќа и сестри во пиринска Македонија. Зарем ние ќе им речеме дека се Бугари? Немаме разбирање за премиерот Заев кој очигледно враќа поранешни долгови, но чии долгови враќате вие господа академици? Ако Заев им должи на тие што го поставија, вие му должите на македонскиот народ, целиот работен век и пензионерски денови ви ги овозможи токму овој народ, потенцира Љубомир Симковски.
Тој истакнаа да се откажат од идеопоклонството и застанете зад македонскиот народ, затоа што ќе бидете проколнати и од народот и од првиот претседател на МАНУ Блаже Коневски.
-Ако Зоран Заев е подготвен да се понижува и вие ли академици ќе се понижувате? Ако Заев е подготвен да ја витка кичмата, значи ли тоа дека и вие академици ќе ја виткате истата? Епа ако вие сте подготвени да ја виткате, ние не, порача Семковски.
Тој рече и дека во ЕУ и НАТО Македонија ќе влезе достоинствено и исправено, но никако посрамотени и понижени. Од здружението му порачаа на Заев и дека Македонија не е негов мираз туку на Македонците и затоа тој треба да го слушне народниот глас. -Господин Заев 72 години имаме кодифициран јазик исто толку години се бориме за нашето малцинство во Бугарија, зарем ќе се откажеме од нашите браќа