Државната администрација е многу важна за правилно функционирање на државата, а пред се и директорите на тие институции кои треба да ги водат, вели пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.Според него се се поставуваат лица на високи државни позиции кои се членови на високи партиски функции во СДСМ.
“Наместо ветената професионализација Македонија, добива партизација на институциите. Имено новиот предлог за директор на агенцијата за администрација е член на извршниот одбор на СДСМ. Дополнително СДСМ и Заев наместо почитување на законот за именување и разрешување на директори покажуваат елементарно непочитување на законите и кршење на законските норми. Во предизборниот период претседателот на СДСМ, Зоран Заев ветуваше кога ќе дојдат на власт на значајни места во министерствата ќе постават непартиски кадри за кои ќе биде важна нивната стручност“.
Според Рамчиловиќ, јавноста е сведок на именувањето на претседателот на Општинската организација на СДСМ во Штип, Владимир Милошев за државен секретар во министерството за здравство. Исто така Претседателот на СДСМ во Куманово Мартин Костовски без почитување на законската процедура е поставен за директор на службен весник, додека ист е случајот и со потпреседателот на Социјал демократската младина, Дарко Каевски кој стана директор на Агенцијата за млади и спорт.
Рамчиловиќ вели дека од страна на СДСМ се туркаат партиски војници во повеќе државни институции со што партизацијата на самите институции по теркот на Заев продолжува.Според него се се поставуваат лица на високи државни позиции кои се членови на високи партиски функции во СДСМ.
“Наместо ветената про