Информации од албанските политички партии говорат дека изминативе денови, Мухамед Зекири и Едмонд Адеми добиле задача директно од Зоран Заев, да ги координираат ставовите меѓу партиите кои се сплотија околу тиранската платформа со цел да го намалат притисокот во јавноста која жестоко се противи на редефинирање на државата преку реализација на елементите од истата, пишува порталот Журнал.нет.Нивна примарна задача била да се осмисли стратегија во која што би се намалил притисокот врз Зоран Заев од страна на членството на СДСМ кое се противи на прифатените отстапки, но и да обезбедат разбирање, односно да ги омекнат партиите на албанците да не реагираат и да не ги повлекуваат потписите за поддршка кои веќе му ги дадоа на лидерот на СДСМ.
-После неколку средби одржани во Скопје, според информациите од албанските партии Зекири и Адеми, успеале да ги убедат потписниците на тиранската платформа дека се што е ветено ќе се реализира во одредена фаза, но за да се постигне тоа ќе морало да се оди чекор по чекор. Првиот од овие чекори е да ја прифатат реалноста дека Заев под притисок од македонската јавност мора да ја релативизира платформата и да најде начин како да направи дефокус од договорот, односно да излезе со личен став дека дел од елементите за кои веќе беше запознаена јавноста се неприфатливи за него, пишува Журнал.
Затоа во соработка со Заев и таканаречените „сејачи на магла“ осмислиле реторика за вчерашниот прес на Заев која ќе биде ни риба ни девојка. Ова е со цел да се обратат до македонската јавност, а истовремено да остават отворена врата на тиранската платформа.
-Тие велат дека токму нивен бил предлогот да се користат формулации дека ќе се дебатира и понатака за прашањата кои се содржани во Тиранската Платформа, дека ќе се консултираат експерти блиски до СДСМ и ДУИ, па дури и странски експерти со цел да се прикажат идните решенија како поприфатливи, особено за албанската јавност, пишува Журнал.
Зекири и Адеми биле тие кои му сугерирале на Заев никако да не ја отфрла Тиранската платформа со цел да можат да вршат притисок потоа врз партиите на Албанците.
-Според информациите токму Мухамед Зекири и Едмонд Адеми од вчера до денес биле во постојан контакт со помалите партии на Албанците за да излобираат соопштенија во кои тие ќе прифатат програмата на СДСМ да биде земена како основа или рамка, која после добивањето на мандатот би се проширувала со Тиранската Платформа. Едмонд Адеми и Мухамед Зекири давале силни гаранции дека директното недистанцирање на Заев од Тиранската Платформа, истата ја остава во живот, а сите елементи во неа потоа преку превезот на “дебатирање“ и “експерти“, но и со силна поддршка од некој надворешен фактор, треба да се протурка, пишува порталот.
Ова според изворот, треба да се изведе на тој начин што надворешниот фактор и партиските експерти ќе го спакуваат како неменување на Уставот, а всушност ќе биде негово заобиколување преку законски измени кои ќе бидат спротивни на највисокиот правен акт во Македонија.Нивна примарна задача била да се осмисли стратегија во која што би се намалил притисокот врз Зоран Заев од страна на членството на СДСМ кое се прот