Функционерот на СДСМ, Мухамед Зекири вчера во телевизиска дебата со Изет Меџити од ДУИ откри дека СДСМ се согласиле со сите точки од тиранската платформа. Ова го потврди и Меџити, на прашање дали од ДУИ се согласиле со СДСМ, тој одоговори: „Да, за сите точки! За сите точки без исклучок!“Зекири веднаш потоа ја потврдува информацијата на Меџити.
-Ние сме кажале дека СДСМ нема никаков проблем со декларацијата, сега стана позната како платформа. Со декларацијата со барања во завршна фаза сме со преговорите, нема што да криеме од граѓаните – потврдува Зекири.
За потсетување, во тиранската платформа се бара изедначување на албанскиот и на македонскиот јазик, тој да биде официјален јазик во државата, како и низа други барања кои навлегуваат во унитарниот карактер на државата. Со платформата од Тирана се бара и македионскиот народ да се самопрогласи за геноциден, заради наводен геноцид врз Албанците во период од 1912 до 1956 година, што според сите историски факти не се случило.
Оттука, јасна е интенцијата на Зоран Заев, со партискиот прес каде наводно беше презентирана владина програма, повторно да се излаже јавноста, но и со лага да се премости пречката за добивање мандат за формирање влада од претседателот Иванов.
Зекири веднаш потоа ја потврдува информацијата на Меџити.
-Ние сме кажале дека СДСМ нема никаков проблем со декларацијата, сега стана позна