Зеќири со плата од 500 евра си купи втор стан и луксузен автомобил

Чудно е тоа како во “услови на режим” како што милуваат од СДСМ да речат и со плата од 500 евра се стекнува вистинско богатсво. Патентот за ова го има Мухамед Зеќири кој со една плата од 500 евра како советник на Заев за една година успеа да купи втор стан и луксузен џип БМВ Х5.Воопшто не е јасно како може за една година со толкава плата да се стекне толкав имот, а од друга страна да немаш пријавено никаков дополнителен приход. А ако може да му се верува на Заев, Мухамед Зеќири го примил на работа за децата да не му бидат гладни, за сега наеднаш истиот тој Зеќири да пријави вистинско богатсво на својот анкетен лист.

-Зборуваат за Мухамед Зеќири како тоа наеднаш влегол во СДСМ, па сме му дале и плата. Што, требаше да ги оставиме двете дечиња дома да бидат гладни? Па напушти работа човекот. Па тоа е политика на отворени врати еден од кандрите е тој и сега требаше да го оставиме без леб да му бидат децата, затоа што се одважил, истакна Заев за Нова ТВ во септември лани.
Имено Мухамед Зеќири е човекот кој за 24 часа од независен новинар стана политичар и кој предизвика лавина гнев и реакција од многу постари членови  на СДСМ за кои Заев немал толкаво „разбирање“ да им најде работа.
Јавноста добро ја памети расправијата од септември минатата година меѓу Нора Шаќири и Зоран Заев , кога Шаќири го праша Зоран Заев преку Фејсбук статус зошто е помалку вредна од Мухамед Зеќири, на што Заев тогаш одговори дека ја чекал на кафе.
Очигледно дека Заев не вработува  секого, туку само лица од неговото најблиско партиско опкружување, јавноста добро се сеќава кога лани низ медиумите излезе информација и официјални списоци од луѓе кои се вработени во СДСМ. Па така на листата покрај Зеќири можеа да се најдат : Радмила Шекеринска, Дамјан Манчевски, Маринела Тушева и други партиски звучни имиња.

Радмила Шекеринска во јавноста е позната по луксузниот живот кој го води, по скапите облека, чанти и чевли кои постојано ги носи на себе, огромните кирии кои ги зема од издавање на своите станови. Сепак луѓе со многу помал имот ја немале среќата на милениците на Заев.
Истата среќа ја немал ни Јани Макрадули, кој не е дел од потесното партиско опкружување , како Шекеринска и Зекири, па Заев обидувајќи се да се извлече од ситуацијата тогаш за Нова одговори дека на Макрадули му било нудено преку партијата да му се најде работа.
-Јани имал и понуди за работа во партијата и понуди на некои работи каде што партијата можела да помогне, рече Заев.
Ваквиот прицнип на богатење на тесното партисо раководство наидува на големи разочарувања во редовите на опозицијата каде гневот се повеќе расте.
 
 
 Воопшто не е јасно како може за една година со толкава плата да се стекне толкав имот, а од друга страна да немаш пријавено никаков дополните

Пронајдете не на следниве мрежи: