Членот на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири, вели дека двојазичноста која ја ветува опозицискиот лидер Зоран Заев не е трик за привлекување на гласовите на Албанците.Во интервју за агенцјата „Анадолија“ коментирајќи ги предизборните ветувања за употребата на албанскиот јазик на претседателот на СДСМ Зоран Заев, Зекири вели дека е убеден дека тие не се трик за привлекување на гласовите и дека тој ќе биде силен глас на Албанците во СДСМ.
–Во моментот кога ќе забележам ретерирање ќе зборувам јавно и нема да молчам, бидејќи не му должам никому. Нема да дозволам целта за која се ангажирав во овој политички субјект да биде злоупотребена, да ме злоупотребуваат мене или гласачите што гласале за него, вели Зекири во интервјуто.
СДСМ на овие избори поразот во македонските средини го компензираше со победа во некои етнички чисти албански села, но и доби гласови во други области со доминантно албанско население. Мухамед Зекири вели дека врз основа на нивната анализа, бројот на Албанци што гласале за СДСМ се движи меѓу 50 и 70 илјади, колку што беа и проценките на аналитичарите.
Функционерот на СДСМ во интервјуто додава дека Албанците повеќе си ја сакале Македонија од самите Македонците.
–Ако не беа Албанците и нивните гласови, ова немаше да се случи. Албанците беа сензибилизирани и на најдемократски начин со своите гласови ја спасија Македонија и посведочија со нивните гласови дека ја сакаат оваа земја повеќе од самите Македонци, рече Зекири.
Аналитичарите коментираа дека околу 70 илјади албански гласови отишле на контото на СДСМ, што претставува преседан на македонската политичка сцена.
Според нив, познати се голем број донатори што допреле до албанските гласачи, а неофицијално големи финансиски средства биле делени по џамиите.Во интервју за агенцјата „Анадолија“ коментирајќи ги предизборните ветувања за употребата на албанскиот јазик на претседателот на СДСМ