Информацијата дека македонските ракометни репрезентативци во јуни годинава ќе ги одмерат силите со Грција во баражот за Мундијалот во Катар следната година предизвика огромно одушевување на спортските љубеници кај нас, кои неофицијално, преку социјалните мрежи поради големиот интерес побараа мечот да се игра – на арената „Филип Втори“.Верните навивачи веќе креираа настан на „Фејсбук“ на кој е наведено дека средбата се игра на националниот фудбалски стадион, чиј капацитет е преку 30.000 гледачи. Секако, ова е само желба, која е прашање дали воопшто ќе биде разгледана од надлежните односно дали воопшто е изводлива за остварување.
Но, играњето ракомет на фудбалски стадион не е непознат поим во Европа. Во април 2012 година, Копенхаген го одигра мечот против Барселона од Лигата на шампионите на стадионот „Паркен“ во главниот град на Данска пред повеќе од 20.000 гледачи. Мечот од данското првенство против Силкеборг исто така се одигра на „Паркен“ пред повеќе од 30.000 гледачи.
Извор: Мkd.mkВерните навивачи веќе креираа настан на &bdquo