Желба на семејството на Дуле-Нека заживеат сите необјавени песни

“Благодарни сме им на сите колеги на Дуле кои дојдоа за последен пат да се поздрават со него во Штип”, вели за Вест Лепа Љубисављевиќ, мајката на пејачот од дуото Дуле и Коки кој почина пред една недела.Во тешките моменти, со семејството на Дуле и со сопругата Љупка бил и нивниот кум Сефер Цановски.
“Тој ни стана како член на семејството. Во несреќа видовме колку пријатели Дуле имал, многу сме им благодарни на сите. Особено внимателна со нас беше и докторката на Токсикологија Лијана Тренчевска и целиот лекарски тим, како и Општина Штип која прогласи ден на жалост”, додава мајката на Дуле.
Низ солзи, во телефонски разговор, таа ни рече дека желба на целото семејство е да заживеат сите необјавени песни на Дуле и Коки.
Дуото во изминативе две години го подготвуваше четвртиот албум. Најголемиот дел од песните се снимаа во студиото на Александар Митевски.
“Рано е да се размислува за издавање на албум, но има необјавени песни кои публиката треба да ги слушне”, ни рече виолинистот Никола Јанков-Коки. (М.Џ.)
Извор: ВестВо тешките моменти, со семејството на Дуле и со сопругата Љупка бил и нивниот кум Сефер Цановски.
“Тој ни стана како член на семејството. В

Пронајдете не на следниве мрежи: