Железничка несреќа во Јужна Африка, најмалку 200 повредени

Околу 200 луѓе се повредени, од кои 20 потешко, во железничка несреќа во Јужноафриканската Република, соопштија локалните спасувачки служби, цитирани од РИА Новости.
Двата воза се судриле во предградие на Преторија. Едниот воз бил поставен на перонот, кога на него налетал другиот воз. Несреќата се случила во самиот шпиц, кога возовите за Преторија се преполни со патници, кои доаѓаат на работа или на студии.
„Полесно се повредени меѓу 150 и 200 лица, додека 20 се сериозно повредени. Едниот машиновозач се наоѓа во критична состојба.„Меѓу повредените има и деца, најмалку 50“, соопшти портпаролот на спасувачките служби Јохан Питерс.Причините за несреќата се истражуваат.
 
МафкаксОколу 200 луѓе се повредени, од кои 20 потешко, во железничка несреќа во Јужноафриканската Република, соопштија локалните спасувачки служби

Пронајдете не на следниве мрежи: