Жељко Јоксимовиќ посакува тој и неговата сопруга Јована, која би требало да се породи на есен, да добијат две девојчиња, пишуваат српските медиуми.Од моментот кога дознал дека по трет пат ќе стане татко и дека Јована носи близнаци, пејачот пред сите зборува дека би сакал да добие ќерки.
Тој од првиот брак ја има ќерката Мина, а со водителката пред три години го доби синот Коста.
-Се уште не знаат каков пол се бебињата, дури во срдината на август закажале преглед на кој ќе се утврди. Со Жељко неодамна зборував за тоа, вели дека Јована одлично ја поднесува бременоста. Неа и е сеедно за полот на децата, но Жељко ми се довери дека тој би сакал да му се родат две девојчиња, вели извор близок на пејачот за српските медиуми.
Жељко го очекува напорна летна сезона. Август и септември Жељко ги резервирал за промоција на песната „Милиметар“, како и за бројни настапи.Од моментот кога дознал дека по трет пат ќе стане татко и дека Јована носи близнаци, пејачот пред сите зборува дека би сакал да добие ќерки.