Жељко Јоксимовиќ и Марија Шерифовиќ ја одбранија Карлеуша

Познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ и пејачката Марија Шерифовиќ преку Твитер и упатија поддршка на нивната колешка Јелена Карлеуша.
– Не можам да не го забележам огромниот триумф над концертот на Јелена Карлеуша. Не е важно дали сте обожавател на некој или не, барем почитувајте го вложениот труд и работа – напишал поп пејачот Жељко Јоксимовиќ на неговиот Твитер профил.
Исто така и евровизиската победничка на својот Твитер стстус, и упатила на Карлеуша зборови на поддршка, но и критика кон оние кои после концертот почнале „малку поради скандал“ да зборуваат лошо за нејзиниот концерт:
– Така секогаш било и најверојатно секогаш ќе биде така…Луѓето (животните) сакаат да газат! Главата горе, високооо – и порача Марија Шерофовиќ на Јелена, и така без двоумење застана на страната на својата колешка.
 Познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ и пејачката Марија Шерифовиќ преку Твитер и упатија поддршка на нивната колешка Јелен

Пронајдете не на следниве мрежи: