Земја од соништата: МАКЕДОНИЈА на листата на осум најпосакувани дестинации!

Еден интернет портал им ги предложи на читателите најпосакуваните дестинации за 2014 година. Меѓу нив се најдоа Бразил, Мексико, Сејшел… но и Македонија!
Во продолжение погледнете ја листата но погледнете и што порталот напиша за Македонија.
8.Малезија
Малезија ја има една од набрзо растечките економии во Југоисточна Азија. Нуди многу историски и природни атракции, а оваа држава отвори и неколку места кои би можеле да им се допаднат на туристите. Тука спаѓа Леголенд и Мелака- птичјиот парк во кој има стотина видови на птици. 
7. Македонија
Балканските земји не се толку популарни како нивниот сосед Грција но оваа земја многу брзо се позиционираше во значајните туристички дестинации. Македонија има богата историја за сите љубители на истражувањето. Исто така е модерна земја во која има доста ресторани, клубови и пабови.6.Белгија
Белгија е  една од оние европски земји која туристите често ја прескокнуваат. Но таа е позната по своето чоколадо и пиво, како и многуте фестивали кои се доста интересни. 5.Сејшел
Овој прекрасни остови се сместени во Индискиот океан а познати се како дестинации за оние со подлабок џеб. Но, за среќа сега постојат и поевтини аранжмани па може да си дозволите да ги посетите. 

 

4. Мексико
Мексико отсекогаш ги привлекувал оние туристи кои сакаат убава плажа и егзотична култура. Во оваа земја има од се по нешто- било да сте љубител на коктели или пак сакате да посетувате музеи.
3.Шведска
Таа е една од најфасцинантните дестинации во Северна Европа. Покрај незаборавните предели тука се и градовите кои се вредни да се посетат- Стокхолм и Умео. Умео е прогласен за главен град на Европската култура за 2014.
2.Шкотска
Оваа земја е незаборавно место кои туристите го обожаават. Во текот на летото е посебно. Шкотска ја унапреди и сообраќајната мрежа и отвори спортски објекти за туристите поубаво да се чувствуваат. 
1.Бразил
Секако во овој период причина да го посетите Бразил освен Светското првенство се и прекрасните плажи и богатиот ноќен живот.Меѓу нив се најдоа Бразил, Мексико, Сејшел… но и Македонија!
Во продолжение погледнете ја листата но погледнете и што порталот напиша за

Пронајдете не на следниве мрежи: