Земјата на паралелниот УМ

Добредојдовте во СЈО (Саботна Јавна Ономатопеја) на Алекс Ванко.Замисли да живееш во најмизерната држава во Европа. Замисли беда и сиромаштија на секој чекор. Замисли задолженост. Да, тие пари треба да ги враќаат внуци и правнуци. Кредити секој месец. Замисли сиромашна младина, безнадежни млади луѓе кои живеат во диктатура. Замисли го гадното лице на диктаторите кои се смеат додека третина популација, 600.000 луѓе, млади луѓе им мигрираат на запад за никогаш да не се вратат. Замисли режимски вести, само една вистина, цел ден секој ден. Замисли партиски вработувања и концентрациони логори кои режимот ги нарекува фабрики каде што луѓе работат за 100 евра месечно. Замисли корумпирано судство, собрание, локална власт па дури и полиција. Замисли фантомски граѓани во твојата држава. 500.000 фантоми кои ја решаваат твојата судбина. Замисли политички прогон на неистомисленици од диктаторот, затворања, притвори за невини луѓе, егзекуции. Замисли стотици милиони евра потрошени без никој да те праша. Замисли 5 милијарди евра на странски сметки. Гадна слика другар мој. Тоа велат е твојата земја шизику. Да,да. Тоа е Македонија. Што ќе преземеш околу тоа шизику? Што ќе преземеш ?! What do you do hotshot, What do you do? Ме слушаш ли револуционеру?
Кај си? Грчка! Банско! Дубровник! Филипини! Шо,шо? Викенд? Попуст? Чекај бе шо збориш еј! За твојата Македонија зборуваме. Aaaaa OK. Не знаев. Фала. Извини. Си зема чадор? Ок. Остани таму.
Да живее 1-ви Мај !
Пишува: Алекс Ванко
Филизоф, писател, аналитичарЗамисли да живе

Пронајдете не на следниве мрежи: