Земјите кои испраќаа најмногу оружје во Сирија, примија најмалку бегалци од почетокот на војната!

Фотографијата од Ајлан Курди, момченцето од Сирија чие безживотно тело лежеше на една турска плажа, е срцепарателен симбол за тажната судбина на бегалците. Семејството на Ајлан се надеваше дека ќе оствари подобар живот подалеку од бегалските кампови, но поради недостатокот на поддршка нивните судбини беа во рацете на трговци со луѓе коишто се обиделе да ги донесат на Запад.Од друга страна, осумте земји кои испратија најмногу оружје во Сирија од 2011 година, имаат прифатено само 2% од бројот на бегалци кои во моментов се наоѓаат во Германија (над 800.000). Овие 16 милијарди во тн. „воена помош“, влегуваат во Сирија уште од почетокот на граѓанската војна во 2011 година, обезбедувајќи поддршка на разни воени фракции во земјата. Но, деструкцијата којашто овие земји ја праќаат во секакви облици во Сирија, не доаѓа само во облик на војна. Поголемиот дел од овие земји го разгоруваат колењето, но од друга страна имаат најмала волја да им овозможат одобрение за азил на сириските бегалци.
САД има огромна одговорност за уништувањето на Сирија и за проширувањето на бегалската криза. ИСИС, која е огранок на Ал Каеда во Ирак, не би постоела денес ако Џорџ В. Буш не го нападнеше Ирак во март 2003 година. Но, Обама исто така игра огромна улога во убивањето на невини жртви. Америка троши приближно 1 милијарда долари годишно за да ѝ помогне на сириската војска да се справи со бунтовниците, но троши и 10 милиони долари дневно на 6550 воздушни напади врз ИСИС. Дури 37% од тие напади се одвиваат токму во Сирија.
Според податоците на Меѓународниот комитет за спасување, САД има прифатено само 1434 од можни 4 милиони сириски бегалци. Ова е срамно ако се погледне колкаво богатството американската влада дава за воени интервенции во Ирак, Либан, Турција, Египет и Јордан.
И останатите западни земји учествуваат во сириската граѓанска војна. Улогата на Британија во извршувањето на воздушни напади против ИСИС чини 122 милиони долари годишно, но има прифатено само 4866 сириски бегалци.
Канада, која ќе потроши скоро 528 милиони долари во борбата против ИСИС до наредната година, има прифатено само 2300 бегалци. И неколку земји од ЕУ им помагаат на Американците во бомбардирањето на Сирија (Франција, Белгија, Данска, Холандија) и имаат потрошено 882 милиони долари од 2013 до денес, но имаат прифатено вкупно 16000 бегалци. Холандија одби да прифати над 250 бегалци.

И Русија играше главна улога во граѓанската војна во Сирија, снабдувајќи ја владата со оружје. Се проценува дека 10% од извезеното оружје на Русија е испратено токму во Сирија. Според информациите, оваа земја има извезено 1,5 милијарда долари во оружје и тоа мерено во системи за гранатирање и подобрување на тенковите и леталата. Русија има прифатено само 1395 сириски бегалци – даден им е привремен азил.
Саудиска Арабија, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати имаа голем удел во разорувањето на Сирија, праќајќи милијарди долари поддршка во оружје и пари за сириските бунтовници. Само Катар има дадено 3 милијарди долари годишно во првите две години од војната. Владата на Кувајт, која инвестираше најмалку 800 милиони долари во Сирија од 2010 година, потроши иницијални 100 милиони долари за финансирање на граѓанската војна.
Саудиска Арабија се сметаше дека е главен извор на средства за бунтовниците во 2013 година, но Турција и Катар набрзо станаа нејзини партнер и заеднички одделија 136 милиони долари за финансирање на бунтовниците за да го симнат Башар ал Алад од власт. Обединетите Арапски Емирати имаат испратено 215 милиони долари (наводно во „хуманитарни цели“) во Сирија од 2011 година. Но, ниту една од овие земји не сакаше да прифати ниту еден бегалец.
Да биде потрагично, Германија, Грција, Шведска и Австрија беа подарежливи. Македонија и Србија се само транзитни земји во кои не се задржуваат бегалците, но сепак ги трпат последиците од големата преселба на овие напатени луѓе. До кога?
Извор: usuncut.comОд друга страна, осумте земји кои испратија најмногу оружје во Сирија од 2011 година, имаат прифатено само 2% од бројот на бегалци кои во моментов

Пронајдете не на следниве мрежи: